Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Први кои настапија од Вардаровите генерации, беше генерацијата родени “2007“ година на тренерот Томче Трајановски. Противници во денешните мечеви им беа екипите на Македонија Ѓ.П и Спорт Ефе.
Први на теренот излегоа Вардар (1) против своите врсници од Македонија Ѓ.П. Овој дуел го добивме со конечен резултат од 3:0. Стрелец на сите три погодоци за Вардра беше Стефан Младеновски.
Уште во првата минута од натпреварот имавме шанса преку Петар Мицевски за отварање на резултатот. Во наредната прилика Младеновски не искористи една грешка на противничката одбрана. Сепак во наредната акција младите Вардарци успеваат да го отворат резултатот на 1:0 со погодок на Младеновски. На голот претходеше акција од левата страна, повлече Мицевски кој додаде со Младеновски кој ја погоди противничката мрежа. Во наредниот период следиме игра без посериозна прилика на двете страни. До крајот на првиот дел за одбележување е шансата на Матеј Киш. Првиот дел заврши со резултат од 1:0. Мора да се напомене и добрата игра на Марко Крстевски, кој речиси го имаше по целиот терен и беше еден од најактивните на денешниот дуел.
Петар Мицевски со шанса го отвори и второто полувреме, но голманот на Ѓорче го брани неговиот удар. Стефан Младеновски продолжи и во второто полувреме да го полни голот на противникот, откако најумешно се снајде при една мешаница пред голот на Македонија Ѓ.П за водство од 2:0. Нова акција и нова асистенција од Мицевски до Младеновски кој погодува за 3:0, што беше и конечен на овој меч. На овој натпревар тренерот Томче Трајановски им даде шанса за настап на помлади играчи како Горазд Филиповски, Борис Ѓоргов, Матеј Киш и Илија Митановски.
Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Спорт Ефе. Нашите момци успеаа со пресврт да го добијат овој наттпревар. Конечниот резултат гласеше 2:1. Во првото полувреме ништо посериозно не се случи кон двата гола. Двете екипи покажаа желба за надигрување и имаа неколку полу-прилики кои поминаа безопасно. Првиот дел заврши со резултат од 0:0.
Во вториот дел принудно на нашиот гол принудно застана Младен Тарчуловски, кој може да се каже дека беше херојот за Вардарци. Успеа да одбрани неколку одлични шанси за Спорт Ефе и така ги задржа нашите шанси за победа. Сепак противникот беше прв кој го отвори резултатот. Пред да се постигне првиот погодок, Вардар имаше шанса за водство преку Борјан Томовски. Кога сите помислија дека Спорт Ефе ќе го добие овој меч, нашите млади надежи покажаа голем карактер и само за неколку минути успеаа да постигнат два кола за конечен триумф од 2:1. Двата погодока беа дело на Марко Киш.