Две победи за вардаровата генерација “2007„ во рамките на второто коло од детската лига. Противници ни беа екипите на Еуроспорт и Куманово.
Вардар (1) убедливо го доби својот дуел против екипата на Еуроспорт со резултат 7:1. Хет-трик на овој меч постигна Александар Грашески, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Стефан Младеновски, Златко Радески, Борјан Томовски и Емир Шаботиќ.
Победничко коло имаше и екипата на Вардар (2), која беше подобра од екипата на Куманово, со резултат од 3:0. По еден гол беа дело на Иван Блажевски, Лео Манчев и Јулијан.