Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Васоски, Седлоски, Ристиќ и Марковиќ голгетерски расположени кај најмладата вардарова генерација “2010“, која стартуваше со две победи во пролетниот дел од детската лига
Васоски, Седлоски, Ристиќ и Марковиќ голгетерски расположени кај најмладата вардарова генерација “2010“, која стартуваше со две победи во пролетниот дел од детската лига

Васоски, Седлоски, Ристиќ и Марковиќ голгетерски расположени кај најмладата вардарова генерација “2010“, која стартуваше со две победи во пролетниот дел од детската лига

Денес на терените на ФК Работнички првото пролетно коло од детската фудбалска лига, го одигра најмладата генерација на Вардар, момчиња родени “2010“ година. Ибраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари, на кои забележаа убедливи победи во дуелите со екипите на Њу Старс и Фаст.

Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Њу Старс, дуел кој нашите надежи го добија убедливо со резултат од 12:3. Двајца играчи на овој дуел беа расположени за голови, тоа се Стефан Ристиќ, син на поранешниот фудбалер и репрезентативец на Македонија, Стевица Ристиќ, како и Далибор Марковиќ. И двајцата на овој меч постигаа по идентичен број на голови, односно по 5 погодоци во мрежата на Њу Старс. Покрај нив во листата на стрелци со по еден гол се запишаа уште и Матеј Чедевски и Константин Трајков. Целосна доминација на вардаровите момчиња на овој дуел, кои имаа уште неколку добир шанси за поголема победа.

vardarfans-1

Вардар (2) исто така беше сигурен на стартот од пролетниот дел на сезоната, совладувајќи го тимот на Фаст. И тука црвено-црните беа далеку подобрата екипа на теренот, додека Фаст гледаше да прими помалку голови. По првото полувреме имавме високо водство од 5:0, а голеадата ја отвори Петар Васоски, син на Александар Васоски, кој е поранешен играч на Вардар и репрезентативец на Македонија, а денес работи како помошен тренер во првиот тим на Вардар. Прв и единствен гол на овој меч постигна и Македон Симев, со кој избраниците на Петковски поведоа со 2:0.

vardarfans-3

Васоски брзо имаше можност да го зголеми резултатот, но неговиот удар заврши во стартивата од голот на Фаст. До крајот на првиот дел на сцена стапува уште еден син, на поранешен играч и репрезентативец, и тренер кој беше дел од Вардар. Се работи за Благојче Седлоски, синот на Гоце Седлоски, кој работеше како шеф на стручниот штаб во Вардар, пред доаѓањет на Јаневски. Багојче успева да ги постигне следните три гола, односно хет-трик, за на полувреме, црвено-црните да имаат високо водство од 5:0.

vardarfans-5

Вториот дел започна како и првиот со гол на Васоски, но овој пат два во серија, за и тој веќе да има хет-трик зад своето име, а Вардар предност од 7:0. Во листата на стрелци на денешниот дуел се запиша и Лука Пацески, за предност од 8:0. До крајот на дуелот повторно во центарот на вниманието се Васоски и Седлоски, кои додаваат уште по еден гол, вкупно за нив четврти на овој натпревар, со кои го заокружуваат својот добар настап за Вардар денес. Конечниот резултат гласи 10:1, откако во последните две минути, почесен гол и за противникот.

vardarfans-2