Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. “2008“ високо го порази Башкими, додека Вардар (1) ремизираше со Њу Старс, на стартот од пролетниот дел во детската лига
Вардар (2) генер. “2008“ високо го порази Башкими, додека Вардар (1) ремизираше со Њу Старс, на стартот од пролетниот дел во детската лига

Вардар (2) генер. “2008“ високо го порази Башкими, додека Вардар (1) ремизираше со Њу Старс, на стартот од пролетниот дел во детската лига

Вардаровата генерација родени “2008“ година со победа и нерешен резултат го стартуваа пролетниот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Двете екипи предводени од Павел Неделковски за противници денес ги имаа врсниците од Њу Старс и Башкими.

Вардар (1) прв го одигра својот натпревар против тимот на Њу Старс, меч на кој видовме само два гола, иако можеа да бидат и повеќе доколку се искористуваа шансите, цврста и борбена игра на двете страни, како и голема желба за победа. На крајот можеби нерешениот резултат беше реален исход на мечот, иако немаше да биде незаслужено ако бодовите заминаа само кај едниот тим. Прв се закани противникот кој директно бие од слободен удар над нашиот гол. Кај Вардар, првата зрела шанса ја имаше Илија Митановски, но противничкиот голман спаси негатива за својата екипа. Уште еднаш директно од слободен удар, обид имаше Њу Старс, но денес Грчевски е на висина на својата задача, посебно кога во следната акција спаси чист гол за Њу Старс и негатива за Вардар. Веднаш вратија избраниците на Неделковски, кога ударот на Филип Сребров од гол линија ја отстранија опасноста противничките играчи. До крајот на првиот дел имаве две прилики преку Коста Бошковски, од кои во едната, топката заврши во пречката со помош на голманот, кој претходно ја зафати топката, а Стефан Марковски биеше само над голот. По првото полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0.

Коста Бошковски беше доста активен на овој дуел и се обидуваше да направи поголема шанса, но противниччките играчи знаеа од каде доаѓа најголемата опасност, па успешно ги спречуваа неговите обиди. Нова голема прилика имаме преку Стефан Марковски, кога повторно топката од гол линијата ја исфрла еден од играчите на Њу Старс и на нивна голема среќа, резултатот останува непроменет. Го видовме и првиот гол на натпреварот, кога Њу Старс поведе со 0:1 и тоа од прекин, кога директно од слободен удар, реализира противникот за предност. Во следната акција имаа можност и да зголемат, но стативата од голот на Грчевски беше сојузник на Вардар. Повторно кај нас Бошковски од прекин шутира, но голманот на противникот исто така денес одличен, со неколку интервенции се истакна и до тие моменти ја сочуваваше мрежата незатресена. Сепак не можеа вечно Њу Старс да одолеат на нашите напади, а иницијативата ја крунисуваме со гол, дело на Стефан Марковски, кој погодува непречен од никото, при нафрлена топка од корнер, за израмнување на 1:1. До крајот немаше некоја прилика поголема за промена на резултатот, па судијата отсвири крај на мечот.

На вториот дуел кај оваа генерација, силите ги одмерија Вардар (2) и Башкими. Иако противникот од Куманово на почетокот даде отпор и надеж дека може да стори нешро повеќе, од тоа на крајот не се случи ништо, па Вардар го “торпедираше“ нивниот гол, и заслужено победи со резултат 9:1. Веднаш уште во првите секунди, црвено-црните имаа обид преку Стефан Бранковски, кој заврши покрај голот. Врати и Башкими исто така со удар, но одбрани Лука Грчевски. На првиот гол не се чекаше многу време, кога Стефан Бранковски се запишува во листата на стрелци и го отвара резултатот на 1:0.

1

За брзо успеа, Башкими да се врати во игра и да израмни на 1:1 и тоа беше се што успеаа да сторат на овој дуел. При еден фаул во нашиот голмански простор, беше досуден пенал, кој противникот успешно го реализира за израмнување на 1:1. Гледавме цврста игра, на меч каде Башкими даде отпор може да се каже само во првото полувреме. Избраниците на Павел Неделковски бргу ја враќаат предноста и со голот на Лука Никовски поведуваат со 2:1, откако во истата акција успешно асистираше Арти Азизи. Токму Азизи до крајот на првиот дел имаше уште два удари, кои ги одбрани голманот, додека се закани и Ненад Дамјаноски. На полувреме одиме со предност повисока од 3:1, откако погоди и Стефан Бранковски, извиси одбраната на кумановчани, Бранковски излезе сам со голманот и погоди.

29389073_1626575614055945_3714215206564688388_n

На стартот на вториот дел голема шанса имаше Азизи, која остана неискористена. Сепак во следната минута, истиот играч се запишува во листата на стрелци и погодува за предност од 4:1. Падна целосно противникот и немаше сила да се надигруваат со вардарци, кои беа решени до крај да ја полнат нивната мрежа. Нов силен удар на Арти Азизи, за веќе високо водство од 5:1 за Вардар. До крајот се редеа шансите пред голот на Башкими, како и головите. Стефан Бранковски со нов го зголеми на 6:1, што беше и негов хет-трик. За да биде поинтересно и противникот имаше добра прилика, но Грчевски може да се каже дека спаси чист гол. Денес Марковски иако имаше неколку обиди немаше среќа да постигне гол, така беше и во случајот кога Азизи му асистираше, а Марковски од непосредна близина шутира покрај голот.

2

Мора се истакне дека во одбраата ги имавме одличните Матео Кесиќ и Огнен Бојковски, кои не дозволуваа многу опасности кон голот на Грчевски. Бранковски повторно расположен за голови и со својот четврти погодок го зголеми резултатот на 7:1, откако повторно како асистент се најде Азизи. Лука Трпевски, кој е генерациски родени “2010“ година, кој дојде од школата на Фамос, ужива голема доверба кај тренерот Неделковски, па тој доби шанса да шутира пенал, откако протвникот направи три корни. Успешна реализација за младиот Трпевски, кој погодува за 8:1. Конечниот резултат од 9:1 го постави Арти Азизи.