Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2009 без бодови во првото пролетно коло во детската лига
ФК Вардар генер.2009 без бодови во првото пролетно коло во детската лига

ФК Вардар генер.2009 без бодови во првото пролетно коло во детската лига

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички во Градски Парк се одиграа првото пролетно коло кај генерација родени 2009 во детската лига. Во истото двете екипи на ФК Вардар предводени од Златко Таневски забележаа порази на стартот од оваа фудбалска пролет.

1

ФК Вардар (2)  генер.2009 се сретна со екипата на ФК  Шкупи  и  беше поразена со резултат 2-7 (2-3). На почетокот ние имавме повеќе од играта и имавме офанзива. Сето тоа донесе предност од 1-0 на стартот, по соло продор погоди за нас Колевски Давид. Противникот веднаш потоа успеа од слоободен удар да изедначи на 1-1. Кај нас повторно на сцена стапи Колевски Давид, кој по еден соло продор погоди низ нозете на голманот на Шкупи за 2-1.  Противникот тргна во  атак, неколку убави интервенции на нашиот гол имаше Бојан Лазаревски. Во финишот по две контри најпрвин нашиот противник изедначи на 2-2, а потоа и поведе со минимални 2-3. Токму со овој резултат се замина на одмор.

2 3

Вториот дел почна со наша желба и обиди за изедначување, прва прилика имаше Вилијам Ангеловски која неуспеа да ја претвори во гол. Потоа противникот повторно од слободен удар погоди за 2-4. Шанса за црвено-црните имаше Вилијам Ангеловски,  чии удар не заврши во мрежата за малку. До крајот ние напаѓавме и се обидувавме да погодиме, но не ни успеваше, а противникот казнуваше. Со три гола во финишот ние бевме поразени од скопскиот ривал со резултат 2-7.

6

Bo вториот меч ФК Вардар (1) генер. “2009“  се сретна со тимот на ФК Башкими  од Куманово, во овој дуел исто како и во првиот поведовме, но бевме поразени на крајот. Кумановчани триумфираа со резултат 1-5 (1-4). На почетокот нападнавме и тоа донесе предност од 1-0, за нас умешно реализираше Марко Петровски на стартот. По една грешка на црвено-црната одбрана противникот успеа да изедначи на 1-1. Повторно Марко Петровски се обиде со удар од дистанца да погоди, но за жал неговиот удар мина крај голот.  Противниците со два брзи гола зголемија на 1-3, по кој се повлекоа во одбраната. Ние преку Андреј Гудов и Марко Петровски со удари од дистанца се обидовме да се заканиме. Кумановчани погодија за 1-4 пред самиот финиш на првиот дел, со тој резултат се замина на одмор.

5

Вториот дел беше далеку понеефикасен и со помалку прилики на двете страни. Почна со цврста игра на средината од теренот, во која двете екипи прикажаа почетна борбеност во вторите 20.минути. Ние имавме два обида преку ново влезениот Качман Сулејман кој неуспеа да погоди во мрежата на зелено-белите. Противник по една грешка на комплетната наша одбрана зголеми на 1-5 на 3-4.минути до крајот на мечот. До крајот се обидувме да намалиме, посебна шанса за одбележување имаше Стојковски Јаков.