Вардаровата генерација родени “2004“ година стигнаа до својата дванаесетта победа во рамките на регионалната-скопска лига. Денес на теренот на Академијата, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Скопје, славејќи со резултат од 5:0.
Тренерот Кралевски Игор го започна дуелот со: Ангелов, Јаневски (c), Павлески, Љушев, Дошев, Анчевски, Стоимов, Стојановски, Серафимов, Попов, Перковски
Тргнавме офанзивно на почетокот, прва прилика за нас имаше Никола Павлески со глава, тој доби одлична нафрлена топка од Анчевски и не успеа да погоди од непосредна близина. Напаѓавме со цел да отвориме рано, во тоа и успеавме преку Горазд Попов. Тој доби асистенција од десната страна од Никола Павлески и немилосрдно биеше за наша предност од 1-0 на овој дуел.
Шансите се редеа пред голот на нашиот ривал, по постигнатиот прв погодок, Стоимов најпрвин се обиде од слободен удар, но топката заврши крај голот на гостинот. Потоа се обиде со удар од дистанца и Давор Серафимов. На десетина минути до крајот на прввиот дел со цел да направи промена во ритамот тренерот Игор Кралевски изврши две измени. Играта ја напуштија Стефан Стојановски и Ѓорѓи Дошев, на нивно место влегоа Бесар Гуџуфи и Матеј Богдановски. До крајот на првиот дел неколку прилики имаше денес активниот Никола Павлески . Во првата по соло продор шутна крај голот, во втората се обиде од дистанца, 20.метра сепак голманот на ФК Скопје беше на место. На одмор заминавме со минимална предност од 1-0, но со и серија пропуштени прилики кои ветуваа пред почетокот на вториот дел.
Веднаш на стартот на второто полувреме успеваме да го зголемиме резултатот и тоа преку нововлезениот Бесар Гуџуфи, кој погодува за предност од 2:0. Истиов играч се обиде после погодокот повторно да реализира, но неговиот удар заврши покрај голот на Скопје. Нови измени направи тенерот Кралевски. Играта ја напуштија Перковски и Ангелов, додека на нивно место се Милошевски и Гигов. Имавме целосен посед на топката во второто полувреме и бевме надмоќни на теренот. Попов имаше обид со глава, но топката оди над противничкиот гол. Стигна и третиот гол во мрежата на гостинскиот тим, откако повторно стрела успешно, Гуџуфи за зголемување на резултатот на 3:0, откако нафрли топка од десната страна, Давид Љушев.
Нови измени кај Вардар и тоа три, од игра излегоа Анчевски, Љушев и Попов, додека на теренот се Сурлов, Курти и Ивановски. Веднаш се обиде нововлезениот Арбин Курти, кој бие на нафрлена топка од Павлески, но без реализација. Порад офсајд позиција беше поништен голот на Павлески, кој се најде во недозволена позиција, откако во истата акција шутираше Гуџуфи, голманот одбрани, а на одбиената топка стигна Павлески, кој беше во офсајд.
Во шанса се најде и Димитар Стоимов, а црвено-црните не пропуштија да постигнат уште два нови голови и со висок триумф да го завршат натпреварот. Во листата на стрелци се запиша и Курти, кој погоди од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник беше соборен Павлески. За хет-трик на денешниот дуел се погрижи Бесар Гуџуфи, кој го затвори мечот со гол и конечен резултат од 5:0.
Ова беше дванаесетта победа во серија за оваа генерација на Вардар, која сигурно чекори кон освојување на шампионската титула во регионалната-скопска лига.