Денес во Прилеп, се одиграа натпревари во конкуренција на пионери, во рамките на 16 првенствено коло. Помладите пионери на ФК Вардар триумфираа минимално со резултат од 0:1, додека пионерите одиграа без победник 0:0.
Помладите пионери продолжуваат да поставуваат рекорди во оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Сашо Тодоровски со три бода се враќаат од тешкото гостување во Прилеп, откако во последната минута од натпреварот, или во 79 минута голема радост на Вардар му донесе Азер Омерагиќ, кој успеа да му донесе водство на својот тим од 0:1, што беше и конечен резултат на крајот од натпреварот. Ова беше рекордна 15 победа за помладите пионери, кои имаат уште само еден нерешен резултат и се уште незнаат што е зборот пораз оваа сезона. Се поизвесно станува дека тие ќе бидат и новите шампиони на Македонија, кај генерацијата родени “2002“ година, со оглед дека имаат голема бодовна предност, пред останатите конкуренти, а и по 16 одиграни кола не се најде тим кој може да ги победи.
ФК Вардар: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Гугуњанов, Костовски, Крстевски, Мирков, Петејчук, Омерагиќ, Стојановски, Хасани.
На клупата за резерви беа: Симев, Салиу, Фазлиу, Демири, Ѓорѓиевски, Исени.
Пионерите на Вардар и Победа одиграа со почетниот резултат од 0:0. Иако и двете екипи имаа свои шанси, на крајот ги поделија бодовите од овој натпревар.
ФК Вардар: Стојковски, Спировски, Николов, Цури, Манасиевски, Бојковски, Хасановиќ, Ристовски, Туша Ветон, Димоски, Игнатов.
На клупата за резерви беа: Зендели, Рушити, Ѓурковски, Речица, Илиевски и Астарџиев.