Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар го совладаа Прилеп во дуел одигран во “Кале“
Младинците на РК Вардар го совладаа Прилеп во дуел одигран во “Кале“

Младинците на РК Вардар го совладаа Прилеп во дуел одигран во “Кале“

Денес во салата “Кале“ во Скопје младинската екипа на ракометниот клуб Вардар ја пречека екипата на РК Прилеп во дуел од младинскиот шампионат. Момците на Слободан Чивлачки и Грчевски Кристијан успеаа да триумфираа во еден одличен дуел со резултат 36-30 (15-11).

q

Гостите први поведоа со 0-1 ние успеавме веднаш потоа да изедначиме на 1-1. Во 7.минута влеговме со реми на семафорот 3-3.  Со серија 4-1 нашите момци успеаа потоа да се одлепат на “плус три“ 7-4.  Гостите заиграа поангажирано во продолжение нападнаа и успеаа да ја анулираат нашата предност, тие изедначија на 8-8 и внесоа неизвесност. Успеавме во последните 3.минути да влеземе со предност од еден гол 12-11, а Прилеп побараа тајм-аут со цел да се вратат. Сепак на крајот од првиот дел изнајдовме сила и со три последователни погодоци поведовме со “плус четири“ ,на семафорот во Кале за време на одморот стоеше резултатот  15-11 во наша корист.

q4

Вториот дел почна со промашени два напада на црвено-црните младинци, гостинот го искористи тоа и намали на 15-12. Противникот нереализираше во продолжение два зивера, па тоа беше казнето од наша страна со два погодока за предност од пет гола,  17-12 во 35.минута од дуелот. Малото опуштање во продолжение не чинеше дел од предноста, гостинот во 39.минута намали на 18-16 по што нашата клупа побара минута одмор.  Бевме поангажирани во продолжение па точно на средината на вториот дел поведовме повторно со пет гола позитива, на семафорот стоеше 24-19. Прилепчани се обидоа да се доближат, но неуспеаа па во 51.минута поведовме со 31-22 со што најавивме триумф на овој дуел. Гостинската клупа го побара последниот тајм-аут со цел да пробаат да фатат приклучок во последните десет минути. Сепак до крајот немаше време и можност за жолто-црните од Прилеп да направат нешто повеќе, тие само успеаа да намалат на 36-30 до крајот.

q2

Најефикасни во нашиот состав беа бекот Васе Наков со 8 и крилото Ален Ќосевски со 7 голови. Со овој триумф Вардар е се поблиску до завршниот турнир во младинската лига, со оглед дека се наоѓа на првото место на табелата.

ВАРДАР: Кристијан Анѓелковски , Марио Миланов , Ален Ќосевски 7, Христијан Милошески 6, Артан Алији 1, Виктор Крстевски 1, Брајан Петкоски, Давид Олтовски , Христи Бикоски 6, Тушев Александар 1, Трајковски, Мисаилевски Антониј 4, Мајсторовски Мартин 1, Ѓоргиев Игор, Предраг Радуловиќ 1,  Васе Наков 8.