Скопје Куп“ во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија трета последователна година ќе биде организатор на голем меѓународен младински турнир во фудбал „СКОПЈЕ КУП 2016“ кој ќе се одржи во периодот од 5 – 11 август на повеќе стадиони во градот Скопје.
На овој турнир учество ќе земат 28 екипи, од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Англија. Ќе се натпреваруваат генерациите родени 2000 и 2002 година. Се очекува како и минатата година, свеченото отварање да биде на 5-ти август на плоштадот “ Филип Втори“.
Веќе се одредени групите, во кои ќе се натпреваруваат Вардаровите екипи. Генерацијата родени “2002“ година предводени од тренерот Петар Ѓорѓиевски се наоѓаат во групата Б, заедно со екипите на Осијек (Хрватска), Војводина (Србија), Буба Мара (Хрватска), Брегалница од Штип и Талент 2010 од Македонија. Нашите млади надежи веќе две недели тренираат на академијата и напорно се подготвуваат за овој прв предизвик во новата сезона.
Генерацијата родени “2000“ година (пионери) под водство на Сашо Тодоровски ќе се натпреваруваат во група Б со Сесвете (Хрватска), Септември (Бугарија) и екипата на Пелистер. Пионерите од средата се на подготовки во Струга, каде ќе останат седум дена, по што се враќаат во Скопје да бидат дел од споменатиов турнир.