Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе гостува кај Скендербеу на 17 август, во оваа 1/16фин. рунда од Купот се игра еден меч кој е закажан за во 17-30 часот
Вардар ќе гостува кај Скендербеу на 17 август, во оваа 1/16фин. рунда од Купот се игра еден меч кој е закажан за во 17-30 часот

Вардар ќе гостува кај Скендербеу на 17 август, во оваа 1/16фин. рунда од Купот се игра еден меч кој е закажан за во 17-30 часот

Црвено-црните годинава за разлика од лани ќе атакуваат на две домашни титули, шампион во Првата македонска фудбалска лига и во Купот на Македонија, од како фудбалската федерација на земјава ни ја скрати шансата да играме во Суперкупот и да атакуваме на три од три во ова натпреварување. Тие како причина наведуват дека немале доволно слободни термини за истиот, сепак останува мислењето дека избегнуваат да организираат меч Вардар-Шкендија каде они би биле организатор и мора да се присутни двете навивачки групи.

Првенството го почнуваме на 7-ми август со Слога, а потоа во второто коло  ја очекуваме тетоваска Шкендија. ФК Вардар ќе го почне “ловот“ на купот во тетовското село Порој, наш противник е екипата на нисколигашот  Скендербеу. Според пропозициите во ова коло прво 1/16-финално се игра само еден меч чии победник оди понатаму во 1/8-финалето од каде почнува веќе одигрувањето двомечи (дома-гости) за напредок со финалето кое ќе го даде победникот на најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Мечот во Порој е закажан за на 17 август (среда) и истиот ќе има почеток во 17 часот и 30 минути. Вардар е голем фаворит и се очекува лесно да мине понатака , во следната фаза  во 1/8 финалето првиот дуел се игра 21 септември, а реваншите 12 октомври. Двојките во 1/8-финалето се одредуваат со ново ждребување одкако ќе се знаат 14 победници од 1/16 финалето, бидејќи екипите на Младост Царев Двор и штипска Брегалница идат дирекно понатака од како во ждребот им се паднаа да бидат слободни во првата рунда од ова најмасовно фудбалско натпреварување.  Според првичниот план финалето е закажано за 17 мај на арената “Филип втори“ се надеваме дека црвено-црните конечно ќе обезбедат Куп финале.