Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фуриозен старт за момците на Кралевски, генерацијата 2010 ја отвори пролетта со две високи победи
Фуриозен старт за момците на Кралевски, генерацијата 2010 ја отвори пролетта со две високи победи

Фуриозен старт за момците на Кралевски, генерацијата 2010 ја отвори пролетта со две високи победи

Генерацијата 2010 на ФК Вардар која во пролетниот дел е предводена од Игор Кралевски, со убедливи две победи го започна пролетниот дел во детската лига.

Вардар (1) стигна до висока победа во дуелот со екипата на Грозданоски, со резултат 10:2. Самиот резултат говори за случувањата на теренот на овој натпревар. Доминација за момците на Кралевски кои стигнаа на крајот до победа изразена со двоцифрена разлика. Првата прилика ја имаше Седлоски, кој од неколку метри биеше над голот, откако топка од десната страна му нафрли Васоски. Следен кој се закани беше Чедевски, но неговиот удар го скроти противничкиот голман. Успеавме да го отвориме резултатот преку Стефан Ристиќ за водство од 1:0. Се закани и екипата на Грозданоски, но одбрани нашиот голман. После една голема грешка на противничката одбрана, Вардар преку Стефан Ристиќ успева да зголеми и на 2:0. Се редеа шансите пред голот на Грозданоски, успеваме да постигнеме нов гол, прв за Благојче Седлоски кој донесе предност од 3:0, додека со својот хет-трик, Ристиќ зголеми и на 4:0. Бевме голгетерески расположени, со втор гол на Седлоски поведовме и со 5:0. До крајот на првото полувреме имавме прилики преку Седлоски, Јовановски и Ристиќ, кои останаа неискористени.

1 2

Бевме супериорни и во вториот дел од натпреварот, во кој постигнавме нови пет голови. Во листата на стрелци успеа да се запише и Петар Васоски, за резултат 6:0 во корист на Вардар. Нов играч успеа да постигне гол во нашите редови, истиот беше дело на Марко Јовановски, со кој имавме и предност од 7:0. Голеадата ја продолжи Ристиќ, кој со глава ја вметна топката во голот, после одбиена топка, за предност од 8:0. Нов одличен гол за Стефан Ристиќ, овој пат со волеј удар од прва го матира голманот на Грозданоски, за водство од 9:0. Двоцифрена позитива донесе Благојче Седлоски со гол од белата точка, за 10:0, додека во последните три минути од дуелот екипата на Грозданоски постигна два брзи гола, со кои ги постави конечните 10:2 на овој дуел.

До победа стигна и екипата на Вардар (2) која беше подобра од тимот на Кул. Резултатот на овој меч гласеше 4:1 во корист на вардарци. Уште во првата минута од мечот успеавме да поведеме со голот на Давид Лозанов кој донесе водство од 1:0, сепак после пет минути игра врати екипата на Кул за израмнување на 1:1. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. Во овој дел од мечот се закани и Дарио Илиќ во два наврати, но одбрани голманот на Кул.

4 5 6 7

Имавме иницијатива и во вториот дел, но гоманот на КуЛ, Калин Крстевски беше најзаслужниот што не ја вративме бргу предноста, Удари имаше Лука Јосифовиќ, но резултатот се уште не беше промент. Од слободен удар биеше Марковиќ, голманот на Кул одбрани, топката заврши во корнер, што беше третта за противникот, па беше досуден пенал за Вардар. Истиот успешно го реализираше Седлоски за водство од 2:1. До крајот на мечот, Кул подлегна на притисокот од вардаровите напади. Со два брзи гола, дело на Васоски и Лозанов, ги поставивме конечните 4:1 на овој натрпевар од детската лига.