Попладнево се одигаа последните два женски дуели во Јуниор лигата, на мечевите во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ тимовите на РК Кале и РК Драчево дојдоа до победи.
Дамите на РК Кале во еден изедначен дуел го добија тимот на РК Будимир со 13-12 (8-8). Првиот дел беше постојано рамноправен, беше 1-1,2-2, 3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6. Кале конечно врза два гола пред крајот и поведе со 8-6, сепак се беше во знакот на реми па скопските дами со иста мерка вратија и за одмор се замина со 8-8.
Вториот дел беше далеку по борбен, со повеќе дуели и помалку постигнати голови на двете страни. Од резултатски план ништо не беше сменето во однос на првиот период, започнавме со 9-9, па беше 10-10, 11-11 и на крајот 12-12. Очигледно беше дека победникот ќе го реши еден гол, кичевскиот тим погоди за 13-12 и се радуваше на победа.
РК Драчево го совлада РК Делчево во последната женска средба за денес, тие победија со пресврт и со резултат 20-15 (6-7). На девојките од Делчево им припадна првата половина од првото полувреме тие поведоа со 1-5, нивниот ривал успеа во финишот да дојде до минимална негатива. На одмор девојките на Велков Горан водеа со само 6-7.
Во вториот дел се започна со гол за 7-7 и се изедначуваше резултатот се до 15-15, едниот тим се одлепуваше другиот фаќаше приклучок и обратно. На крајот видовме доминација на скопската екипа која со неверојатна серија 5-0 целосно го надигра противникот и впиша победа со 20-15.