Со вчерашната победа на Вардар во Велес кај Борец и со денешниот „кикс” на Шкендија која одигра само 0:0 со кратовски Силекс, на првенствената табела Вардар значајно ја зголеми предностa од осум на „плус десет бодови”.
Силекс уште еднаш покажа и докажа дека на домашен терен игра одлично. Водени од некогашниот голман на Вардар, Горан Симов, кратовци стигнаа до голем бод за нив, но и два уште поголеми за нашиот тим во борбата за титулата.
Табела топ три по ова коло: ВАРДАР 42, Шкендија 32, Силекс 31.