Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Момците на РК Седмерец, Будимир и Ангели Вардар до победи во Јуниор лигата кај ген.2008/09
Момците на РК Седмерец, Будимир и Ангели Вардар до победи во Јуниор лигата кај ген.2008/09

Момците на РК Седмерец, Будимир и Ангели Вардар до победи во Јуниор лигата кај ген.2008/09

Попладнево екипите на РК Ангели, Будимир Вардар и РК Седмерец дојдоа до победи во дуелите кај момците родени 2008/2009 година. Ова прво  коло од ракометната Вардар Јуниор лига во 2020 година се играше во СЦ „Јане Сандански“.

Во еден одличен дуел РК Седмерец од Охрид ја совлада екипата на РК Кисела Вода Вардар со 20-16. Кисела Вода отвори подобро и поведе со 4-1, на што охриѓани одговорија со серија 0-5 по која поведоа со 4-6. Следеше игра гол за гол до крајот па со два плус (8-6) Седмерец замина на одмор.

Вториот дел започна со игра гол за гол, двата тима погодија по четири пати за 14-12 за РК Седмерец. Потоа охриѓани тргнаа во офанзива со цел да обезбедат сигурност за победа, успеаа да ја удвојат предноста и победија со 20-16 на овој машки дуел од Јуниор лигата.

c2

Во тесен дуел на резултатски план, РК Будимир Вардар го совлада тимот на РК Преспа од Ресен со 16-13. На почетокот момците од скопје отворија со 4-0, но ресенчани не се предадоа и влегова во битка. Пред крајот на првиот период изедначија на 6-6, Будимир со минимална предност 7-6 замина на одмор.

Вториот дел започна со изедначување 7-7, по што скопските момци со неверојатна серија 5-1 и доминнација отидоа на 12-8, резултат кој наговестуваше нивна победа. Тие на крајот со три гола позитива (16-13) дојдоа до победа и бодови на оваа средба.

c3

Екипата на Ангели Вардар беше подобра од тимот на РК Преспа од Ресен, тимот од Скопје победи со 16-13.  Дуелот започна изедначено се до 4-4 (беше 1-1,2-2 и 3-3). Потоа се одлепи тимот на Ангели на 7-5, на одмор заминавме со нивно минимално водство со резултат 7-6.

Вториот дел беше во знак на скопскиот тим, тие постојано беа на чекор пред ривалот. Успеаа да ја зголемуваат предноста која во средината на овој период дојде со пет гола (15-10). Се до крајот потоа беше чиста формалност, тие дојдоа до победа со 16-13 на овој меч.