Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар се освојувачи на турнирот „Драганица Куп 2020“, во финалето го поразивме Работнички
Пом.пионери на ФК Вардар се освојувачи на турнирот „Драганица Куп 2020“, во финалето го поразивме Работнички

Пом.пионери на ФК Вардар се освојувачи на турнирот „Драганица Куп 2020“, во финалето го поразивме Работнички

Помладите пионери на ФК Вардар кои се предводени од Сашо Тодоровски го освоија 14.издание на меморијалниот турнир “Драганица Куп 2020″

Денес на градскиот стадион во Кочани, се одиграа натпреварите на кои учество земаа четири екипи. Во првото полуфинале се сретнаа екипите на Вардар и Осогово. Дуелот го добија црвено-црните кои славеа со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Левент Ибраим и Теодор Перковски. Во второто полуфинале, екипата на Работнички ја порази екипата на Беласица со резултат 3:0

Вардар: Ангелов, Ричков, Ивановски, Љушев (c), Милошевски, Хајдари, Каровски, Стоимов, Ибраим, Попов и Перковски.

Во големото финале на турнирот, силите ги одмерија градските ривали, екипите на Вардар и Работнички, кои се најголеми претеденти за освојување на шампионската титула и во помладата пионерска супер лига. Вардар успеа да го победи противникот, минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Левент Ибраим, кој погоди на асистенција од Ричков.

Вардар: Ангелов, Павлески, Ричков, Љушев (c), Милошевски, Хајдари, Јаневски, Гуџуфи, Ибраим, Перковски и Стоимов.

me

На завршната церемонија беа доделени и поединечни награди. Исмет Хајдари доби признание за најдобар играч, додека најдобар стрелец е Левент Ибраим од редовите на Вардар.

Веќе следниот викенд ќе стартува и пролетниот дел во младинските фудбалски лиги.