Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Есмин Личина: Ќе продолжам уште повеќе да напредувам
Есмин Личина: Ќе продолжам уште повеќе да напредувам

Есмин Личина: Ќе продолжам уште повеќе да напредувам

Интервју со Есмин Личина кој настапува за кадетите на Фк Вардар. Личина има постигнато најмногу голови во првенството, вкупно осум.

1. Кога започна твојата фудбалска кариера, и во кои клубови настапувавте пред да стигнете во Вардар?

-Мојата фудбалска кариера започна кога имав шест години. Почнав во фудбалскиот клуб Петровец, каде тренирав две години. Преминав во екипата на Нова Колонија, каде настапував пет години. Играв со поголеми генерации од мене стекнувајќи така искуство. Бев следен од тренерите на Вардар, кој ме побараа да преминам во нивните редови. Одлично се снаоѓам тука, каде сум веќе 3.5 години. Имам настап и за првиот тим на Фк Вардар.

2. Се пласиравте во 1/2 на националниот куп, а во првенството се наоѓате на првото место, со исти бодови со екипата на Металург. Какви се очекувањата за вториот дел од сезоната?

-Екипата на Металург е наш противник во полуфиналето на купот. Првиот натпревар го играме на домашен терен, кај што имаме голема предност да забележиме позитивен резултат за овој меч. За понатаму има време, нашата цел е победа на секој меч.

3. Играте на средината на теренот, а имате постигнато осум гола во првенството. Која е позицијата која најмногу ви одговара, и сакате да настапувате?

-Од почетокот играм воглавно на средината и одлично се снаоѓам. Но по потреба на тренерот можам да одиграм и на други позиции, кај што не ми преставува проблем.

4. Како течат подготовките. Одигравте неколку пријателски натпревари, на кои имате позитивен ефект. Спремна ли е екипата за новите предизвици?

- Имаме одлични резултати на пријателските натпревари, во склоп на  подготовките. Максимално се спремаме, атмосферата во тимот е одлична. Продолжуваме со тренинзи, да ги завршиме овие припреми. Потоа се насочуваме со мислите кон првенството. Првиот дуел е следниот викенд, дербито против Пелистер на домашен терен.

5. Од оваа сезона има лига на вторите екипи. Како ја оценувате оваа лига, во кој имате забележано 12 настапи за вториот тим на Вардар. И колку сте задоволни од вашите настапи и залагања ?

-Одлична е Б-лигата, кај што има екипи од сите клубови. Одлично се снаоѓам, каде бев повикан од едно големо име-Александар Васовски, кој ни е тренер во ова натпреварување. Одлично ме прифатија соиграчите од првиот тим. Многу сум задоволен од моите настапи. Ќе продолжам уште повеќе да напредувам.

6. Вие сте член и на Македонската репрезентација до 17 години. Што е актуелно во репрезентацијата?

-Игравме кфалификации за ЕП до 17 години. Бевме во најсилната група со Англија, Франција и домаќинот Кипар, каде се покажавме добро, но ни фалеше среќа. Имам 20 настапи за националната репрезентација, и многу сум задоволен од мојата игра. Имаме сега нов селектор, со кој ќе работиме напорно за да се подготвиме за следните натпревари, изјави Кадетот на Фк Вардар Есмин Личина за Вардарфанс мк.

Звонко Ивановски