Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Божиноска: Како капитен сум горда на моите девојки, кои оставија срце на терен
Ана Божиноска: Како капитен сум горда на моите девојки, кои оставија срце на терен

Ана Божиноска: Како капитен сум горда на моите девојки, кои оставија срце на терен

Продолжуваат настапите на пионерската екипа во вториот дел од сезоната. Вечерва одиграа натпревар против екипата на Металург, во Автокоманда. Мечот заврши со резултат 21:15 во корист на Металург.

-Во овој меч влеговме многу мотивирани, борбено со срце. Јас како капитен сум многу горда на моите девојки, бидејќи игравме борбено и оставивме срце на терен. Одбраната беше клучна за овој натпревар. Нападот ни беше малку послаб, но сепак сме задоволни како го одигравме мечот. Секако благодарност и до нашите тренери. 

Ова е втор пораз за оваа генерација во сезоната, со надеж дека на следните дуели ќе забележуваат само победи.

-Овој пораз ни дава мотивација да играме уште подобро, и поборбено. Во следните натпревари очекуваме победи.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Ива Цветковска со 5, и Бојана Диневска со 4 постигнати голови.

Звонко Ивановски