Екипата на Раул Гонзалес ќе биде хендикепирана на дербито од Сеха Гаспорм Лигата во сабота против Веспрем, на десната крилна позиција ќе недостига Матјаж Брумен, кој мака мачи со повреда на раката. Па така на десната крилна позиција за овој меч ќе го имаме само Шишкарев, исто како што беше и во Германија со Рајн Некар Левен.
Брумен проблеми со раката има уште од почетокот на годината, па така сеуште е неизвесно дали и сезоната за Словенецот е завршена, со оглед на тоа дека сеуште не се знае дали ќе мора да оди на итна операција, што ќе значи и крај на оваа сезона, или ќе ја истурка сезоната. Останува да одлучат лекарите на тимот.