Во недела својот прв натпревар во вториот дел од сезоната, ќе го има кадетската екипа на Жрк Вардар. Тие гостуваат во Делчево.
-Со оглед дека во првиот дел од сезоната ни требаше време како екипа подобро да се организираме, можеби од нас не се покажа вистинскиот квалитет што го имаме. Но доволно време имавме после завршувањето на првата полусезона, во вториот дел да се обновиме од кондициона гледна точка. На тренинзите секој е сконцентриран максимално, и се работи напорно со цел да ги отстраниме грешките, и да го покажеме она вистинското што го знаеме.
Подготвителниот период максимално го искористија, учествувајќи на “Трофеј Белград“ и турнирот во организација на ракометниот клуб Вардар.
-Одигравме и многу контролни натпревари кои ни помогнаа да се подобриме во играчки и тактичкиот план, а нормално резултатите беа позитивни и од натпреварите излегувавме како победници. Затоа целта е јасна – максимална борба, фајнал фор во младинска лига и нормално прво место и медал во кадетска. Медалите и првото место ни се секогаш приоритет, ни изјави Ивана Стојмановска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски