Официјална причина за одложување на неделниот меч се големите количини на паднат дожд во земјава .
Новиот термин е 10/03/2015 – Вторник мечот е закажан со почеток 14- 00 Часот !
Со цел да се заштити теренот на нашата најголема Арена Филип Втори мечот од 19 коло од Првата Македонска фудбалска лига со ФК Металург ќе претрпи промена на терминот . Истиот ќе се одигра во Вторник . Оваа одложување доаѓа во вистински момент за Црвено-Црниот состав бидејќи како што ве известивме имаме четити играчи заболени од вирус исто така и шефот на Стручниот штаб Русинот Сергеј Андреев е болен. Се уште не се знае дали лекарскиот тим ќе може да ги оспособи , но ова одложување е голема помош за лекарите да се изборат со болеста.
Како и да е неатрактивен е терминот 14-00 часот во работен ден сите кој можат на Стадион да го подржиме ФК Вардар во походот до нова круна во најелитното Македонско фудбалско друштво .