Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кој ќе го судат утрешниот супер-куп дуел помеѓу нашиот ФК Вардар кој учествува во овој меч како првак во лигата и освојувачот на куп трофејот екипата на ФК Работнички.
Федерацијата се одлучи за сигурен избор за овој меч кој носи пехар за победникот за главен судија го назначи најдобриот македонски судија Ставрев Александар од Скопје. Квалитетот на Ставрев е докажан покрај на домашните терени и на мечевите организирани од УЕФА каде често ја дели фудбалската правда во квалификациите за Еуро-2016, а претходно судеше дуели од Л.Е. За негови помошници се делегирани Кировски Марјан и Костадинов Дејан исто така од Скопје, а нивниот сограѓанин Петрески Гоце ќе биде четврти судија на мечот. Мечот е закажан во 20-00 часот на Арената Филип Втори. ФФМ за овој дуел одреди и дополнителни судии а тоа се Мечкаровски Димитар и Влахо Константин.
фото:ффм.мк