Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младински куп: Утре, Љубанци – Вардар
Младински куп: Утре, Љубанци – Вардар

Младински куп: Утре, Љубанци – Вардар

Утре младинците на ФК Вардар ќе одиграат натпревар од Купот на РМ. Противник во 1/16 финалната пресметка ќе биде тимот на Љубанци. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот на теренот во Ново Лисиче. Победникот од овој натпревар продолжува понатаму во 1/8 финалето (се одигрува само еден меч).

Овие два тима добро се познаваат, во редовите на Љубанци оваа сезона настапуваат неколку играчи, кои минатата сезона го носеа црвено – црниот дрес. Еден од главните играчи, и голема закана за вардаровата одбрана ќе биде  ”довчерашниот” играч на Вардар, Дамјан Велигденов.