Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ нормално тренира со екипата и ќе игра против Пик Сегед
Лука Циндриќ нормално тренира со екипата и ќе игра против Пик Сегед

Лука Циндриќ нормално тренира со екипата и ќе игра против Пик Сегед

Дознаваме дека се’ е во најдобар ред со Хрватскиот репрезентативец Циндриќ во редовите на нашиот шампион. Лука имаше незгоден пад при постигнување на гол, на натпреварот со Монпелје. Со болен израз на лицето беше принуден да го напушти теренот. Неговиот колега Игор Карачиќ влезе на негово место и го одигра целото второ полувреме. Нашите информации велат дека нема никакви проблеми со Циндриќ, па тој веќе нормално тренира со екипата. Ова се добри вести за Вардарци, кои повторно комплетни ќе го дочекаат новиот дуел во лигата на шампионите. Карачиќ има мали проблеми со рамото, но далеку од нешто посериозно.

Црвено-црните веќе започнаа со тренинзи во С.Ц. Јане Сандански, како подготовка за следниот предизвик во најголемото натпреварување. Унгарскиот вицепрвак Пик Сегед пристигнува во Скопје во петок и ќе биде следниот противник за нашиот ракометен шампион.Во првото коло, Сегед го победи на домашен терен тимот на Киелце. Мечот ќе се одигра во недела со почеток од 17:30 часот.