Денеска во просториите на Националната Арена Филип II се одржа прес конференција по повод утрешниот Супер-куп меч помеѓу црвено – црните и ФК Работнички. На истата присуствуваа преставници од двата тима. За потсетување за Вардар ова е втор ваков дуел во првиот пред две години се закити со пехарот. Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар Седлоски во својата изјава пренесена од клубскиот сајт вели:
На секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и утре против Работнички. Играме со екипа која доста добро ја познаваме и која добро се претстави во Европа. Очекувам една добра игра и на крајот подобриот нека победи. Важно е гледачите да уживаат во натпреварот, и се надевам на една добра игра. Вечерва имаме последен тренинг, по кој ќе одлучиме со кои 11 фудбалери ќе излеземе на теренот. За нас е важен натпревар, го посакуваме тој пехар и нека го освои подобриот. Нерешениот резултат со Ренова не значи дека Вардар не игра стандарно. Вардар има искусни фудбалери, професионалци и верувам во нив. Тоа се искусни играчи кои имаат играно многу натпревари и не треба да преставува никаков притисок овој натпревар. Едноставно одиме на победа како на секој меч.
Во улога на капитен на нашиот миленик на ова пресконференција се појави Никола Глигоров , тој ги искажа размислувањата и очекувањата на фудбалерите од овој дуел. Глигоров за супер-куп соочувањето со “Романтичарите“ вели:
Имаме целосен респект кон Работнички, екипата која најдобро не претстави во Европа ова лето. Добро се познаваме меѓу себе, и знаеме што да очекуваме, како и нашиот противник. Вардар како актуелен шампион има обврска да оди на победа. Се работи за трофеј за Супер-Куп кој е значаен за нас. Се надевам на добра игра, квалитетна игра и малку среќа да го освоиме овој пехар.
На прес-конференцијата присуствуваа и Игор Ангеловски како шеф на стручен штаб на ФК Работнички и Баже Илијовски капитен на тимот. Тие очекуваат добар натпревар, искажаа почит кон нашиот тим и како и нашите преставници очекуваат пехарот да заврши во нивните раце.
фото:fkvardar.mk