Денеска на програмата е пресметката во Супер купот на РМ, помегу нашиот освојувач на првенството Вардар, и освојувачот на куп трофејот екипата на Работнички. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 20 часот на Арената Филип II. Вардарци денеска имаат можност да стигнат до првиот, од трите зацртани трофеи оваа сезона. Овој првиот, се очекува да биде најлесен, со оглед на фактот што останатите ќе мора да се освојат со повеќе труд. Работнички е во мини криза, па затоа нашиот тим тоа мора да го искористи. На последните 7 првенствени натпревари нашиот ФК Вардар нема доживеано пораз. Се надеваме на втора Супер куп титула во витрините на вардарци.
Затоа дојдете сите на стадион, да го бодриме ФК Вардар кон овој успеси, први позначајни оваа сезона. Билетите се по цена од 100 денари. Напред Вардар!