Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (ВИДЕО) Виктор Димков- “златната“ седумка на Фк Вардар (младинци)
(ВИДЕО) Виктор Димков- “златната“ седумка на Фк Вардар (младинци)

(ВИДЕО) Виктор Димков- “златната“ седумка на Фк Вардар (младинци)

Виктор Димков има 17 години и оваа година настапува за младинците на Вардар. Минатата сезона беше најдобра во неговата играчка кариера. Тогаш играше за Вардаровата категорија-кадети и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на оваа генерација, освојувајќи го купот на Македонија и вицешампионското место во првенството. Втора година по ред има можност да работи со Љупчо Марковски-Калц, со кој ќе се обидат да ја освојат титулата во младинската лига. Во сезона 2014/2015 успеа да постигне 14 голови и да забележи 14 успешни асистенции кон своите соиграчи, неговата позиција е лево крило. Беше трет најдобар стрелец за кадетите и еден од најстандардните првотимци во составот предводен од Калц. Токму Димков се најде во нашиот избор, за играчи кои ја одбележаа сезоната во младинските категории на клубот.

Има настапи и за Македонската репрезентација до 16 години, каде има забележано неколку погодоци. “Златната седумка“ беше меѓу патниците за Ниш, заедно со првиот тим на пријателскиот натпревар против Раднички. Има играно и за вториот тим на Фк Вардар минатата сезона, во рамките на Б-лигата. Споменавме дека во новата сезона е прекомандуван да игра за младинците, чиј тренер исто така е Марковски. Очекуваме повторно негови добри игри и подобрување на бројките, со кои ја заврши претходната сезона.

Погледнете го видеото со сите негови голови и асистенции во сезоната 2014/2015 како играч на кадетите.