Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Вардаровиот Дијамант“ Ивановски за Вардарфанс: Најважно е да дојдеме до трите бода во Кратово
“Вардаровиот Дијамант“ Ивановски за Вардарфанс: Најважно е да дојдеме до трите бода во Кратово

“Вардаровиот Дијамант“ Ивановски за Вардарфанс: Најважно е да дојдеме до трите бода во Кратово

Екипата на Фк Вардар викендов го стартува пролетниот дел од сезоната, каде започнува од првото место на табелата. Противник е екипата на Силекс, а мечот ќе се одигра во недела на теренот во Кратово. Свое видување за овој натпревар, ни даде  “Вардаровиот Дијамант“. Човекот кој е длабоко втиснат во нашите мемории на нас вистинските Вардарци, кога по преземањето од страна на Град Скопје на ФК Вардар во 2011 тогаш нашите  Црвено-Црни  станаа Шампиони, по огромен временски период и човекот кој реши многу мечеви и даде 24 гола на 32 меча- Филип Ивановски.

-Секој прв натпревар е тежок. Не смееме да го потцениме Силекс, како и секој друг противник. Најважно е да дојдеме до трите бода, за да добиеме поголема самодоверба и да играме подобро од натпревар во натпревар.

Претходно клубот беше на едномесечни подготовки во Анталија, каде одиграа вкупно 9 пријателски натпревари.

-Припремите поминаа одлично.Имавме добри услови за работа и квалитетни противници, со кои можевме да се воигруваме и да влеземе максимално спремни во првенството.

Филип Ивановски заедно со Миранјан беа најдобри стрелци на овие подготовки. Двајцата постигнаа по три гола.

-Нормално дека сум задоволен. Се надевам дека ќе продолжам во исто темпо во првенството, и дека ке допринесам за подобри резултати на тимот.

Очекувањата за конечниот исход во првенството, како и шансите за излез во Европа се големи.

-Целите на клубот се јасни. Ќе дадеме максиум да останеме на врвот на табелата до крајот на првенството. Потоа ќе се фокусирме и на Европа. Дотогаш мислам дека ќе се уиграме уште повеќе и ќе бидеме спремни за предизвиците што следат, ни изјави Филип Ивановски за нашиот сајт

Михајло Тушевски