Екипата на Раднички беше лесен “ залак“ за црвено-црните на денешниот натпревар. Без поголеми проблеми и рутински како на тренинг, Вардарци впишаа нова победа и бодови во сеха-лигата. На овој меч Раул Гонзалес настапи со комбиниран тим, давајќи им шанса за игра на сите кои беа во ростерот за овој меч. Домаќините се држеа сaмо во првите 8 минути, кога воспоставуваа резултатска рамнотежа. Во продолжението како течеше играта, така Вардар го зголемуваше своето водство. Филип Лазаров во стилот на својот брат, постигнува атрактивен погодок за предност од 5:9 во 14 минута. Најзебележителна улога во првиот дел имаа Стоилов, Марковиќ како и голманот Милиќ кој го започна натпреварот. Милиќ по првото полувреме забележа 13 успешни интервенции. Шишкарев и Терзиќ само ја продолжија доминацијата наша на овој меч, полнејќи ја мрежата на домаќинот. Првото полувреме заврши со голема предност од 13:20.
Михаил Чипурин во вториот дел го постигнува својот прв погодок за зголемување на 16:25 во 35 минута од мечот. Првата двоцифрена предност ја имаме во 39 минута со голот на Прибак. Ангелов кој бранеше во второто полувреме ја забележува својата втора одбрана во 44 минута. Ништо значително не се променуваше на теренот, каде Вардар едноставно доминираше. Борбениот Чипурин со својот втор гол , донесува позитива од дванаесет гола во тие моменти. Диви продолжува одлично да брани запишувајќи ја својата четврта одбрана. Терзиќ ја потврдува својата одлична форма. Со својот седми погодок, ја зголемува двоцифрената предност на Вардар, на 24:36 во 52 минута. Конечниот резултат гласеше 29:38 за Вардар.
На овој меч, во составот не беа Тоскиќ, како и Арпад Штербик.Додека Дибиров, Горбок, Карачиќ и Душебаев ги чуваа силите за поважните дуели.
Марковиќ постигна 8 гола, го следаа Терзиќ и Лазаров со по 7 погодоци. Стоилов постигна 6.