Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Кликовац за Вардарфанс: И понатаму сме сложна екипа која е спремна да блесне во стариот сјај.
Андреа Кликовац за Вардарфанс: И понатаму сме сложна екипа која е спремна да блесне во стариот сјај.

Андреа Кликовац за Вардарфанс: И понатаму сме сложна екипа која е спремна да блесне во стариот сјај.

Нема многу одмор за избраничките на Индира Кастратовиќ. Веќе во сабота во С.Ц. Јане Сандански ги очекува нов дуел против екипата на Лајпциг од Германија. На првиот натпревар одигран на гостински терен, Вардарки забележаа пораз. Но сега мислите се насочени кон она што ги чека викендов.

-Мислам дека натпреварот ќе биде тежок, но ние играме пред својата публика. Мораме да се вратиме на правиот пат, и сигурна сум дека ако одиграме како против Крим ќе немаме проблеми.

Во овој момент, Вардар се наоѓа на петото место на табелата, позиција која не ги води во 1/4. Затоа овој меч е многу значен, бидејќи со победа можеме да се искачиме на третата позиција во својата група.

-Натпреварот е од големо значење за нас, и знаеме дека мораме да победиме. Мораме да одиграме одбрана на едно врвно ниво. И после вакви тешки порази атмосферата во екипата остана одлична. И понатаму сме сложна екипа која е спремна да блесне во стариот сјај, и да остави срце на терен во сабота. Знаеме колку е важен натпреварот. Со победа сме блиску до третото место во групата, ни изјави столбот во одбраната, Андреа Кликовац за нашиот сајт.

Звонко Ивановски