Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “ Последниот воз “ за ЖРК Вардар
“ Последниот воз “ за ЖРК Вардар

“ Последниот воз “ за ЖРК Вардар

Девојките на Вардар не ги почнаа најдобро натпреварите во новоформиранта   група од Л.Ш. Неочекуваните порази го “разниша бродот “ на Црвено-Црните девојки . Во сабота следува нов предизвик за Вардарки тимот на Лајпциг . Мечот се игра во С.Ц.Јане Сандански со почеток во 19 часот . Саботниот меч е од исклучително значење бидејќи со победа може да се најдеме на третото место на табелата . Вардар е моментално на 5-та позиција која не носи дуел во 1/4 Финалето . На првиот натпревар на гости, тимот на Лајпциг му нанесе пораз на ЖРК Вардар . Нивни најдобар стрелец е Каролина Кудлач која има  постигнато 62 погодоци .

Табела ЛШ

Табела ЛШ

За големата шанса да се постигне она што се уште е достижно, свесни се и самите челници на клубот . На денешниот прес како што донесуваат на својот  сајт Гордана Нацева вели :
 “ Клубот влегува во една низа од три натпревари кои се клучни за нас. Не влеговме во главната фаза од ЛШ како што посакуваме, меѓутоа шансите не се изгубени, очекуваме три победи и со тоа да ги вратиме шансите за фајналфорот. Го одбравме потешкиот пат, но мислам дека доколку сме голема екипа и сериозен клуб можеме тоа да го направиме“ .

Шефот на стручниот штаб на Црвено-Црните девојки Македонската Ракометна легенда Индира Кастратовиќ за престојниот меч со Лајпциг вели :

„Имаме многу важен натпревар со Лајпциг, впрочем не е само овој важен туку сите три преостанати. Имавме 10 дена да се подготвиме со мирна глава и без проблеми, да го анализираме Лајпциг. Ги одработивме тренинзите како што очекував и како што барав од нив. Верувам дека во сабота ќе биде добар натпревар и дека ќе победиме“ .

На прес конференцијата уште со свое мислење се обрати и Ања Алтхаус, поранешен  играч на Турингер која добро ги познава противничките од Лајпциг, која изјави дека очекува тежок меч како и со било која Германска екипа и дека вредно се работело за она што сите го сакат, а тоа е успех на ЖРК Вардар, и повторно пласман во Ф4 на Женскиот дел од Лигата на Шампионите .