Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Ивановски: Секој мој постигнат гол за Вардар и меч го помнам

(ВИДЕО) Ивановски: Секој мој постигнат гол за Вардар и меч го помнам

Денес го прославува својот 30ти роденден нашиот Филип Ивановски во изјава за клубскиот сајт дава свое видување за неговите настапи во светиот црвено-црн Вардаров дрес и за престојниот финиш на сезоната во првата лига. Ивановски за ова вели :

  • Можеби малку знаат, но кариерата ја почнав во Вардар каде што бев до кадети и потоа заминав. Се на се седум години од мојот живот минувам во Вардар, а две и пол во сениорска конкуренцијаГи паметам сите натпревари и сите голови кои ги имам постигнато. Сигурно дека во Вардар најмногу ќе се сеќавам на мечот со Работнички на „Борис Трајковски“. Губевме 0:1, имавме играч помалку и успеавме да победиме. Јас дадов гол во 94 минута и ги освоивме трите бода. Тој натпревар некако ми е во драго сеќавање.

Ивановски дава свое видување и за моменталната табела и шансите на Вардарарда ја освои толку посакуваната шампионска титула во Македонската прва фудбалса лига сезонава.

  • Имаме шест бодови на пет кола до крајот. Блиску сме, ама не смееме да се опуштаме. Ќе славиме тогаш кога и дефинитивно ќе ја обезбедиме титулата. Посакуваме тоа да биде што побрзо.

На мечот со Работнички во Маџари даде тогаш два гола за пресврт од кој еден во 94минута Фичо  за истиот вели дека му е еден од најдрагите мечеви.   ВИДЕО>>>