Tuesday ,05 July 2022
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Јовановски четврта година по ред е најдобар стрелец во својата генерација, со 59 голови е најефикасен кај генер. “2005“
Филип Јовановски четврта година по ред е најдобар стрелец во својата генерација, со 59 голови е најефикасен кај генер. “2005“

Филип Јовановски четврта година по ред е најдобар стрелец во својата генерација, со 59 голови е најефикасен кај генер. “2005“

Генерацијата на ФК Вардар, родени “2005“ година станаа шампиони на Македонија, откако Вардар (1) го освои првото место во детската лига. Нивните соиграчи од Вардар (2) на крајот го освоија бронзениот медал. Со само еден пораз од вкупно 54 одиграни натпревари оваа генерација предводена од Игор Кралевски направи голем успех за оваа натпреварувачка сезона. Постигнавме и голем број на погодоци, во текот на целата сезона, а најдобар стрелец на оваа генерација е Филип Јовановски. Интересно ова младо момче успева по четврти последователен пат да го повтори истиот успех и да биде најефикасен играч на својата генерација. Крилото на Вардарци ја заврши сезоната со вкупно 59 голови, што го прави најдобар голгетер на оваа надежна генерација. Веднаш зад него се најде Никола Величковски, кои заедно го сочинуваат еден од најдобрите тандеми во генерациите на фудбалскиот клуб Вардар.

1929

Како изгледа листата на стрелци во Вардаровата генерација “2005“ на крајот од сезоната:

1. Филип Јовановски 59

2. Никола Величковски 51

3. Горјан Цветков 40

4.Матеј Гаштаров  23

5. Симеон Здравковски  17

6. Давор Лефковски 15

7. Ѓорѓи Дошев 14

8. Стефан Наумовски 13

9. Филип Радески 12

10. Давор Серафимов 11

11. Петар Пројковски и Лука Јакимовски по  9

12. Тино Спасиќ и Влатко Кулуковски по  7

13. Дамјан Конески 6

14. Кристијан Танески и Александар Калановски по  3

15. Матеј Николовски и Бојан Јаневски по 2

16. Стефан Ристовски 1.