Бесир Исени неможеше да посака подобро деби во “црвено – црниот” дрес. Младиот играч против Адмира започна од првата минута, покрај тоа што одигра феноменално прво полувреме, постигна и погодок во 43 минута.
По една одлична асистенција на Дејан Блажевски, Исени го мина противничкиот голман и мајсторски ја смести топката во мрежата на Адмира за водство на вардарци. Исени покажа дека ќе биде големо засилување за Вардар на средината на теренот.
Покрај овој играч и Лима дебитираше во дресот на Вардар. И двајцата одиграа 45 минути.