Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ШАМПИОНИ!!! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ПО „ПЕНАЛ-РУЛЕТОТ“ ДОЈДОА ДО ПЕХАР ВО КУПОТ, СОВЛАДАН ТИМОТ НА А.ПАНДЕВ
ШАМПИОНИ!!! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ПО „ПЕНАЛ-РУЛЕТОТ“ ДОЈДОА ДО ПЕХАР ВО КУПОТ, СОВЛАДАН ТИМОТ НА А.ПАНДЕВ

ШАМПИОНИ!!! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ПО „ПЕНАЛ-РУЛЕТОТ“ ДОЈДОА ДО ПЕХАР ВО КУПОТ, СОВЛАДАН ТИМОТ НА А.ПАНДЕВ

Шампиони….. Помладите пионери на ФК Вардар дојдоа до двојна круна во својата категорија. Денес на терените на ФФМ во големото Куп финале се сретнаа тимот на Вардар и А.Пандев. Регуларниот дел заврши реми без голови 0-0, па победникот мораше да се добие преку „пенал-рулетот“. Се играа пенали кој ги добивме со 4-3, по што голема беше радоста на “црвено-црните” момци.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Јовановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давков, Давидовски (c), Андрески, Стојчевски, Живков, Мирков, Стојановски.

1

Вардар имаше можност да го отвори резултатот уште во првата минута од мечот, кога после една грешка на дефанзивната линија на А.Пандев, топка одзема Мирков, кој додаде до Стојановски Георг, нашиот напаѓач немаше брза реакција, па беше блокиран во завршниот удар.

2

Во два наврати се закани и екипата од Струмица, но одрани Лука Стојковски. Во првиот дел не се изнагледовме многу фудбал, беа направени голем број на фаули од страна на двете екипи, па првите 45 минути поминаа во судиски прекршоци.Кај црвено-црните два обиди имаше Давков, од голема далечина, но одбрани голманот на А.Пандев. Најголемата прилика за отварање на резултатот ја имаше Вардар и тоа во судиското надополнување, откако добра топка доби Стојановски, се создаде ситуација за нашиот напаѓач, биеше Гео, но одлично интервенира противничкиот чувар на мрежата, кој спречи чист гол. По првиот дел резултатот е непроменет 0:0.

3 4

Стојановски беше играчот кој го имаше првиот директен удар во вториот дел, бие за малку над голот. На стартот од вториот дел не видовме ниту една измена во нашите редови, односно тренерот Деспотовски продолжи со истите играчи.Обид имаше противничката екипа, откако направија акција од десната страна, нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, бие еден од играчите на Пандев, но ние на време го блокираме ударот.

6

Прва измена кај Вардар, од игра излезе Андрески, на негово место е Тасевски. Во следните десет минути, тренерот Деспотовски беше принуден да направи две измени. Поради повреда, играта ја напуштија Давидовски и Мирков, на нивно место во игра влегоа Трпезановски и Ѓорѓиевски. Опасна ситуација за А.Пандев, силен удар, но одлично брани Стојковски. Немаше гол во регуларните 90 минути, па освојувачот на купот ќе се решава после изведување на пенали.

По четири серии резултатот беше 3-3. Во последната серија со втора интервенција предност ни даде голманот Лука Стојковски, а голот за победа и пехар во Купот го постигна Гео Стојановски кој стрелаше прецизно за 4-3 и голема радост.

За нас погодија: Живков, Давков, Стојановски и  Стојчевски. Голманот Стојковски имаше две одбрани.

ЧЕСТИТКИ ШАМПИОНИ!!!!