Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Барса со директен пренос на Арена Спорт 2
Вардар – Барса со директен пренос на Арена Спорт 2

Вардар – Барса со директен пренос на Арена Спорт 2

Ракометниот Ф4 турнир во Келн за жал нема да оди низ директни преноси на ниту една телевизија во Македонија.

Токму затоа, сите оние кои имаат Арена во своите домови, полуфиналните средби Веспрем – Келце и Вардар – Барселона, ќе можат да ги проследат низ директен пренос на Арена Спорт 2.

Сите пак оние кои немаат Арена, ќе мораат да го гледаат историскиот натпревар на својот Вардар преку видео линкови, кои ќе ги поставиме во сабота.

Полуфиналните натпревари се играат од 15, односно дуелот на Вардар од 18.00 часот.