Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трпевска, Грујовска, Илиќ, Божиновска, Седлоска и Џатевска се подготвуваат за “битка“ со Бугарија

Трпевска, Грујовска, Илиќ, Божиновска, Седлоска и Џатевска се подготвуваат за “битка“ со Бугарија

selekcija

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска,  во понеделникот ги собра повиканите ракометарки за претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата младинките ќе одиграат два  подготвителни натпревари против младинската репрезентацијата на Бугарија за претстојниот Европски Шампионат во Литванија.

Првиот натпревар ќе се одигра на датум 01.06.2019 во 16:00 часот во спортската сала „Автокоманда”, ден подоцна на 02.06.2019 со почеток во 11:00 часот во спортската сала „Автокоманда” ќе се одигра и вториот дуел.

На списокот имаше место за дури седум вардарки,  но моментално со селекцијата работат и се подготвуваат за настап шест девојки. Милица Николиќ која беше на повикана за младинската, но и за сениорската селекција поради здравствени причини ќе ја пропушти оваа ЕХФ-недела.

За двомечот со Бугарија се подготвуваат две голманки на Александар Царчев. Станува збор за  Илиќ Андреа која беше изоставена на двомечот со Црна Гора, но поради добрите игри во Вардар повторно доби покана. Вториот голман е веќе стандардната младинска репрезентативка Симона Грујовска која настапи и со Црна Гора. Таа во меѓувреме доби и епитет број еден, на завршницата во  сениорскиот Купот на Македонија беше избрана за најдобар голман, по што сосема логички дојде поканата. Минатата ЕХФ недела не беше во комбинација, но девојката која одигра перфектен  пролетен дел и се очекуваше тоа да се награди со покана,  крилото Трпевска Ивона е дел од овие подготовки. Таа беше еден од моторите на црвено-црните оваа пролет. Пикерот на Вардар, секогаш борбената Џатевска Ивана  имаше покана и за оваа и за А-селекцијата. Таа одигра феноменална сезона, одлуката падна да биде дел од младинската каде ќе добие поголема минутажа. Два бека кои имаа забележителе настап претходно за селекцијата и беа стандардни во тимот на Вардар, кој дојде до “среброто“ во Купот и позицијата “број-3“ во лигата Ана Марија Божиновска и Седлоска Андреа исто така се подготвуваат за битка со источниот сосед.