Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Никој како Вардар не знае да “пазари“, Милосављев најдобар трансфер во Европа, Скубе број 4
Никој како Вардар не знае  да “пазари“, Милосављев  најдобар трансфер во Европа, Скубе број 4

Никој како Вардар не знае да “пазари“, Милосављев најдобар трансфер во Европа, Скубе број 4

Нема екипа која успеава со голема прецизност да направи трансфер на неафирмиран игра во своите редови и да создаде ѕвезда во ЛШ како Вардар. Историјата покажа години наназад дека црвено-црните се махери на тоа поле.

По крајот на сезоната го загубивме најдобриот голман во светот Арпад Штербик, требаше да се најде решение, Вардар најде голман од српската лига без искуство во ЛШ, СЕХА голман кој и не е прва опција ни во својата А-селекција.  Го доведовме  релативно непознатиот Дејан Милосављев, 22-годишен голман кој ова му беше прво сериозно искуство во кариера. Популарниот “Банда“ имаше  сезона од соништата на која круна е признанието за најдобро засилување во изборот на специјализираниот ракометен портал handball-planet.com.

Но тоа не е се,  на четвртото место е Сташ Скубе кој беше прекуброен во  Пик Сегед, тим кој ќе гледа Ф-4 на ТВ, а Сташ ќе игра во Келн. На листата од 25 имиња има уште еден вардарец,  Глеб Калараш кој дојде од Магдебург  е на позицијата број.20 на оваа ранг листа.