Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Договорите им завршуваат на Фелипе, Брдаровски, Манев, Мицевски..
Договорите им завршуваат на Фелипе, Брдаровски, Манев, Мицевски..

Договорите им завршуваат на Фелипе, Брдаровски, Манев, Мицевски..

ФК Вардар заврши уште една сезона на втората позиција, но овој пат без право за настап во квалификациите за Лигата на Европа, поради јасни причини.

По завршувањето на оваа сезона, дури на девет фудбалери на “црвено – црните” им завршуваат договорите и се слободни, а тоа се: Фелипе, Манев, Попов, Брдаровски, Мицевски, Лира, Најдовски, Битанг и Аврамовски.

Во овој момент е сигурно дека од клубот си заминуваат, (нема да ги продолжат договорите) Фелипе, Аврамовски, Попов Лира и Битанг. Од друга страна, во овој момент не е сигурно ниту останувањето на другите играчи. Манев и Брдаровски имаат понуди од многу клубови, а Мицевски по сезоната најдобар стрелец секако дека ќе добие исто така примамливи понуди од странство.

Се на се, ФК Вардар и тренерот Васоски ги очекува уште едно лето полно со главоболки, иако нема да играат во квалификациите за Лигата на Европа.