Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да го освојат Купот на Македонија, откако во големото финале ја совладаа екипата на Академија Пандев. Победникот беше решен после изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел од дуелот немаше голови. Голманот на Вардар, Лука Стојковски успеа во пенал серијата да спречи два удари на струмичани и да донесе трофеј за својот тим.
Погледнете ја фотогалеријата на Вардар Фанс, како се славеше после обединување на двата трофеи оваа сезона.