Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци утре во 11 часот заминуваат за Келн!
Вардарци утре во 11 часот заминуваат за Келн!

Вардарци утре во 11 часот заминуваат за Келн!

Ракометарите на Вардар заедно со стручниот штаб утре во 11.00 часот тргнуваат од Скопје на пат за Келн. „Црвено – црните” оваа година преку Виена ќе стигнат во Келн – Германија. За разлика од другите екипи кои веќе пристигнаат во германскиот град, Вардарци оваа година последни ќе пристигнат, односно утре приквечер.

На целиот стручен штаб и на сите ракометари на Вардар кои ќе заминат на пат утре, им посакуваме мирен лет и без проблеми да стигнат во Келн, каде преостанатите три дена ќе се подготвуваат за завршниот турнир.

Се надеваме дека и овој пат Келн ќе биде среќен за нашиот Вардар и втора година „црвено – црните” ќе го подигнат трофејот од Лигата на шампионите, за потоа да имаат уште еден незаборавен пречек во Скопје.

Уште еднаш потсетуваме дека Вардар нема да биде сам во Келн. Преку 400 навивачи во сабота ќе му даваат поддршка на тимот до уште една голема победа против Барселона.