Финале во Купот за помладите пионери на ФК Вардар. Момците на Сашо Јанев успеаа денес да ја победат Шкендија во Тетово, минимално со резултат 0:1, но доволно да играат во големото финале на Купот.
По првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа, а решавачкиот момент се случи во 70 минута кога после една акција, во која најпрво шутираше Ајетовиќ, голманот на домашниот тим за момент го одбрани ударот, но на одбиената топка стигна Давор Лефковски кој постигна гол за водство од 0:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој полуфинален натпревар. Обиди да се загрози голот на овој Куп дуел имаше и Стефан Коловски, како и уште една прилика за Лефковски кој после центар шут на Ајетовиќ упати удар над голот на тетовчани.
Вардар: Максим Краљевски, Нуман Ајетовиќ, Андреј Величковски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Давор Лефковски, Михаил Танчев, Стефан Коловски, Дамјан Алексовски и Александар Миовски.
Играа уште и Алтин Нурединовски, Максим Цониќ и Матеј Анастасов.
Вардар во големото финале ќе го чека подобриот од натпреварот на Академија Пандев и Победа кој се игра попладнево во Струмица.