Како што веќе беше објавено денес, Тимур Дибиров, клупската икона на PK Bардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона. „Летачкиот русин“ по повод продолжувањето на соработката за најмалку уште една сезона изјави:
„Среќен сум што останувам во тимот на РК Вардар 1961. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега- изјави Тимур Дибиров.