Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.
Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзуваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.
.