Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова и Вардар не ја продолжуваат соработката, црвено-црните во идната сезона со нов тренер
Ристова и Вардар не ја продолжуваат соработката, црвено-црните  во идната сезона со нов тренер

Ристова и Вардар не ја продолжуваат соработката, црвено-црните во идната сезона со нов тренер

Како што дознаваме моментално тренерот со најголем континуиран стаж во сениорска екипа на Вардар од било кој спорт, кормиларот на ЖРК Вардар, Драгана Ристова и клубот нема ја продолжат соработката за идната сезона.

Вардар во следната сезона, 2022/2023 ќе има ново име на клупата, откако двете страни по крајот на моменталниот договор решија дека во иднина ќе им се „разделат патишата“ и дека е време за нови предизвици за двете страни. Ристова успеа од пионерска екипа која ја создаде пред 6-7.години овие девојки да ги води низ сите младински категории се до сениорската. Во сениорската лига направи конкурентен тим кој секогаш се бореше за врвот, имаше Куп финалиња, создаде дузина репрезенатативки кои се гордост на црвено-црниот тим.

Информацијата ни ја потврдија од клубот, каде што дополнија дека се благодарни на Драгана Ристова за целиот ангажман до сега, за сите убави заеднички моменти. Упатуваат благодарност за вложениот труд и во напредокот на девојките кои од пионерки ги изгради до сениорки и голем број од нив успеаа да се наметнат во македонските селекции. Ристова остави неизбришлив белег во ЖРК Вардар што клубот го потенцира како нејзина заслуга. Воедно и посакуваат успех во кариерата  и порачуваат дека секогаш вратата на црвено-црниот колектив ќе биде отворена за овој ракометен стручњак кој толку многу даде и продонесе во развојот на вардарки со кои имаше и настап на европска сцена каде што бевме оваа сезона единствени кои минаа коло во ракометна европа под менторство на Ристова.