Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Шкендија подобра од Вардар, во кадетското Куп 1/2 финале
Шкендија подобра од Вардар, во кадетското Куп 1/2 финале

Шкендија подобра од Вардар, во кадетското Куп 1/2 финале

Кадетите на ФК Вардар не успеаа да се пласираат во големото финале на Купот, откако денес беа поразени во Тетово од екипата на Шкендија. Вардар на два пати го израмнуваше резултатот, но сепак на крајот беше поразен со резултат 3:2.

Екипата на Шкендија прва успеа да го отвори резултатот, се играше 21 минута кога Емини успева да го совлада Данстак и да му донесе на својот тим водство од 1:0. Црвено-црните и покрај негативата, креираа акции за израмнување, имаше период кога беа и подобри на теренот, а таквата игра даде резултат во 37 минута кога Цветков даде точна топка до Алтин Алији кој во шеснаесетникот биеше прецизно за израмнување на 1:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

По само четири минути игра во вториот дел, Шкендија повторно стигна до водство, овој пат со 2:1 со голот на Шабани. Избраниците на Пепи Ѓоргиевски повторно се вратија во игра, кога во 61 минута погодивме преку Филип Јовановски, после центар шут на Ивановски, успеа Јовановски да се ослободи од голманот и да ја вметне топката во мрежата за 2:2. Продолжи цврстата игра на двете страни и двете екипи го посакуваа финалето, но посреќен беше противникот, со гол во 75 минута на Бајрами, Шкендија успеа на крајот да слави со резултат 3:2.

Сепак, честитки до вардаровите играчи, за борбеноста и желбата за надигрување на денешниот Куп натпревар.

Вардар: Андреј Данстак, Андреј Петровски, Филип Јовановски, Алтин Алији, Горјан Цветков, Андреј Алексоски, Кристијан Таневски, Лука Ивановски, Сандро Каровски, Симеон Здравковски (К) и Лука Недељковиќ.

Играа уште и Драган Трајковски и Мануел Абаз.