Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Љубовта кон Вардар е преголема!

Љубовта кон Вардар е преголема!

Дефинитивно Тимур Дибиров е срцето и душата на Вардар. Летачкото лево крило по којзнае кој пат во својата професионална ракометна кариера покажа и докажа дека љубовта негова кон Вардар и ,,црвено – црнито” семејство е преголема.

Немавме дилема во ниту еден момент дека Дибиров ќе го напушти Скопје и тимот на Вардар и ќе одигра уште некоја сезона пред пензионирањето во друг клуб. Дека Тимур сеуште е двигателна сила на тимот покажа и дуелот во Битола, каде одигра маестрално, посебно во одбраната како најистурен и буквално ги неутрализираше најдобрите шутери на битолчани за голема победа на својот тим и веројатно нова титула.

Дибиров од 2013 година е дел од Вардар. Освои еден ,,тон” на титули, му ги донесе на Вардар и оние две Европски, а и понатаму ќе продолжи да освојува.

Љубовта кон Вардар е преголема – Тимур Дибиров!