Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Повозрасните петлиња на ФК Вардар одиграа силен тест натпревар против Црвена Ѕвезда
Повозрасните петлиња на ФК Вардар одиграа силен тест натпревар против Црвена Ѕвезда

Повозрасните петлиња на ФК Вардар одиграа силен тест натпревар против Црвена Ѕвезда

Одличен натпревар во Белград одиграа повозрасни петлиња на ФК Вардар, кои денес имаа силен контролен натпревар против екипата на Црвена Ѕвезда.

Натпревар кој го доби противникот со резултат 2:0, со голови во вториот дел од натпреварот. Избраниците на Колевски одиграа добар меч на кој имаа неколку зицер шанси, кои за жал останаа неискористени.

Сепак, ова е одлично и големо искуство за вардаровите надежи кои од пролет ги продолжуваат настапите во Регионалната Скопска Лига.