Вечерва на градскиот стадион, во една прекрасна атомсофера која ја создадоа Комити, екипата на ФК Вардар славеше на натпреварот против екипата на Железничар, по повод јубилејот на ФК Вардар кој го прослави 75 роденден, како и јубилето на Комити од 35 години постоење. Црвено-црните стигнаа до триумф со резултат 2:0.
По еден гол успеавме да постигнеме во двете полувремиња. Резултатот го отвори Филип Јаневски за 1:0, додека Ерен Парталко зголеми на 2:0 во вториот дел од натпреварот.
Комити уште еднаш покажаа дека се најсветлата точка во Македонија, едноставно нивното присуство е силата на Вардар, кој сите се надеваме дека од следната сезона ќе го видиме повторно во ПМФЛ.
На денешниот натпревар во стартните 11 беа: Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов.
Во игра влегоа уште и Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков.