Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.
Давор Серафимов беше единствениот играч од редовите на Вардар, кој беше дел од оваа репрезентација на Македонија, на квалификацискиот турнир. Серафимов во победата против Сан Марино помина 90 минути на теренот.
Македонија со два порази и една победа го освои 3.место, додека првата позиција им припадна на Србија, а втора е Норвешка.