Во рамките на 12.коло во ракометната Супер Лига, екипата на РК Вардар е домаќин на тимот на Охрид.
Овој натпревар е закажан да се одигра во сабота (26.11) со почеток од 18:00 часот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. За судии се делегирани Даниело Божиновски од Битола и Виктор Начевски од Скопје, додека делегат е Драган Начевски.
Вардар има максимален број на освоени бодови, односно 33 и се наоѓа на првото место, додека Охрид е третопласиран во групата А со 21 бод.